ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО ПОРАКА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФРАНЦИЈА, МАКРОН : Промената на методологијата може да оди заедно со проширувањето на ЕУ, ние сме Европа

0
243

Премиерот Зоран Заев вели дека има доволно аргументи да се убеди францускиот претседател Емануел Макрон дека проширувањето на ЕУ може да оди заедно со промената на методологијата на преговарачкиот процес за прием на нови земји членки.

„Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот „методологија пред проширување” може да се трансформира во „проширување заедно со промена на методологијата. Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, напиша премиерот Заев на неговиот профил на Фејсбук.