ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЗА КОЧО АНЃУШЕВ, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ : Нема да барам оставка од нив, тие се незаменливи

0
1246

Премиерот Зоран Заев рече дека нема да бара оставка од функционерите кои конкурираа за пари од Фондот за иновации вреден 10 милиони евра, но и за оние функционери чии фирми аплицираа за добивање државна помош.

„Нема да побарам сигурно оставки затоа што се повлекоа. Прво, не го кршат законот, зошто да побараме оставки? Ако така бараме оставки, потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта“, рече Заев на прашање дали ќе побара морална и политичка одговорност од функционерите.

Премиерот тврди дека сè било транспарентно и смета оти фирмите на владините и партиските функционери ќе бидат обесправени поради тоа што повеќе нема да можат да учествуваат на државни тендери само поради етички причини.

„Мене ми требаат овие функционери, јас работам со нив, ги знам нивните капацитети и ми е драго што вака реагираат да се повлечат од такви апликации за да остават фер шанса при одлучувањето на сите други компании во Македонија“, додаде Заев.

Извор : МакФакс