ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ГИ ИЗРАДУВА БИТОЛЧАНИ : Битолчани ќе можат бесплатно да ги заменат печките на дрва со инвертори, проект на Владата и ЕСМ за претстојната грејна сезона

0
567
sdr

Бесплатна замена на печките на дрва со инвертори,   проект кој ќе започне да се реализира  претстојната грејна сезона и тоа најпрво во Битола, Тетово и Скопје, а потоа и во другите градови, најави премиерот Зоран Заев при денешната посета на Битола.  Овој проект кој ќе зnачи намалување на аерозагадувањето  Владата го реализра заедно со Државните електрани.

-Од претстојната грејна сезона ќе овозможиме бесплатна замена во домаќинствата на печките кои користат огревно дрво и фосилни горива, со високо коефициенетни инвертори, прво во Битола, Скопје и Тетово а потоа и други градови ќе почнеме со имплементација на ваквиот прокет со кој Владата и ЕСМ почнаа со подговтовка. Бидејќи ЕСМ преку РЕК Битола и РЕК Осломеј има нанесено штети врз екологијта од нивното постоење до денес, сега ред е да им помогне на сите домаќинства во државата со примена на високоефикасни инвентори и други системи на енергестака ефикасност.

dav

Трошоците за користење на инвенторите во домаќинсвта се значително пониски и од другите начини на греење, вклучувајќи го и огревното дрво, а топлинскиот конфор е далеку поголем, а како доплниелна вредност е можноста за ладење во лениот период. Но, клучно е дека на овој начин заеднички ќе си го заштитем воздухот кои сите го дишеме и не препознава ниту партија ниту политика ниту било каква припадност, рече Заев.

Рече дека се работи на поголема искористеност на еколошките енергенси, но се бараат начини како тие да бидат подостапни за граѓаните. Исто така, најави дека битолскиот гасоводен карак има најголем капацитет за кога ќе дојде време РЕК Битола да може да транзитира кон производство на електрична енергија на гас.

-Веќе ги разгледуваме можностите за субвенции и евтини кредити за приспособување на внатрешните инсаталции и опрема за пристап до извор на поевтин еколошки енергенс. Гасификацијата на земјата ќе донесе намалување на трошоците за електричната енергија и намалени емисии на штетните гасови во воздухот. Оваа изјава има посебно значење искажана во близината на РЕК Битола и во таа насока треба да се прифати фактот дека главната мерна регулациона станица Битола е со најголем капацитет во овој крак со 28 илјади кубни метри гас.

Ова го нагласувам бидејќи еден дел од овој гас ќе биде наменет за транзиција, кога ќе дојде време на работата на РЕК од производство на електрична енергија на јаглен во производство кога гасот ќе стане новиот енергенс за добивање електрична енергија. Тоа е само дела од нашит план за намалување на загаденоста на воздухот. Со КФВ банката работиме на топловодната мрежа од РЕК Битола кон Битола. Остануваме отворени за сите добри решенија за граѓаните и во таа насока ќе продолжиме со оставрување на овие еко пријателски иницијативи, рече премиерот Зоран Заев