Премиерот Заев во интервју за бугарската БТВ : Во име на европска Македонија ја предадов „изолираната“ од страна на Грујо и ВМРО-ДПМНЕ и очекувам за својот криминал да ОДГОВАРА

0
785

Со Бугарија не сме само пријатели, туку станавме и сојузници, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Бугарската национална телевизја – БТВ.

– Македонија доби со Договорот за добрососедство со Бугарија, а не загуби ништо. Ние зборуваме на јазик на којшто се разбираме. Само заедно можеме да си помогнеме и да одиме напред, изјави Заев.

Тој кажа и дека Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ќе биде ратификуван до крајот на годината и дека тој договор покажал оти на државите не им треба трета страна за да се договорат. Во таа насока го гледа и решението на спорот со Грција.

Во однос на историските прашања што ги засега двете земји, Заев рече дека во учебниците веќе не се говори за „бугарски фашистички окупатор“ и оти македонското општество го осудило уништувањето на споменикот на Кајмакчалан зашто тоа предизвикало страдање кај Бугарите.

– Личностите од нашата заедничка историја треба да не поврзуваат. Кавгите не носат перспектива, туку носат лошо. Македонија и Бугарија се искрени пријатели и треба да го градат тоа пријателство, потенцира Заев.

На тврдењата дека ја предал државата со потпишување на Договорот со Бухарија, Заев вели:

-Ја предадов излоираната Македонија во името на европска Македонија. Тоа е договор каков што склучуваат сите модерни држави, рече Заев.

-Во изминативе 7-8 години наназад имаше големи кавги со сите 5 соседи. Со Албанија и со Косово денес одлично соработуваме. Со Србија секој ден се повеќе напредуваме. Со Бугарија станавме не само пријатели, туку и сојузници. СО Грција градиме огромно пријателство. остана само еден политички проблем што ќе го решиме, рече Заев во емисијата „Ова утро“ на БТВ.

Тој посочи и дека никогаш повеќе во Република Македонија нема да се повтори политичката криза која и се случи на земјава последниве години кога немаше слобода, а многу невини луѓе беа испратени во затвор.

– Сакаме да гледаме напред кон иднината, а не да се враќаме назад, рече Заев.

Тој го кажа и својот став во однос на долгогодишниот спор со Грција за името.

– Јас сум политичар кој сака да го реши проблемот со Грција за името. Веројатно и двете страни ќе треба да направат компромиси, нагласи премиерот Зоран Заев во интервју за БТВ.

Пренесе Нова