Пред 11 декември и Али нервно попушта – Искршен штаб на Беса: Се плашат од нашата победа!

0
170

Стаклата на партискиот штаб на Беса во селото Слатино во Тетовско, утрово биле искршени од непознато лице, а од партиите обвинија дека зад инцидентот стојат партиите на власт.

– Очигледно е дека партиите на власт, соочени со поразот што ги очекува на 11 декември, прават сè за да ја спречат победата на Беса на овие избори. Но, бадијала им е сè, ние нема да одговориме на ваквите провокации, големиот пораз ги очекува на престојните избори – изјави кандидатот за пратеник на партијата во шестата изборна единица, Амир Елези.

Тој додаде дека нивните членови секојдневно се соочувале со притисоци и со закани од партиите на власт.