ПРЕДИЗБОРНА ГРУЈОВА И АМДИЕВА ДРАМА ВО ПРИЛЕП : Ромите во Прилеп ЈА СПРАШТИЈА од Груевски и ПАЉАЧОТ СО 5.000 ЕВРА БУНДА Амди Бајрам од универзалната сала ,,Арена Сонце”, ги повикале на концерт но наместо бугарската естрадна уметничка ИМ ИЗЛЕГОЛ ГРУЈО!!!

0
4125
Коалиционите партнери Амди Бајрам и Никола Груевски вчера при посетата на Прилеп во рамките на предвремените парламентарни избори ги измамиле прилепските Роми дека бесплатно ќе ја слушаат на концерт атрактивната ромска пејачка од Бугарија Роксана во универзалната сала ,,Арена Сонце”.
Но, кога Универзалната сала на поранешниот Тутунски комбинат се наполнила, на 10 минути пред почетокот на концертот, Амди излегол и на публиката и се обратил:
“Сега ние првин ќе ја читаме политичката програма “Реално“, на нашата коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ќе се одржи концертот“ а потоа се појавил Грујо или обратно, Амди па Грујо, уствари небитно важно почнале да серат за програмата на ВМРО-ДПМНЕ на сред музички хепенинг.
Публиката, главно Роми од Прилеп на кои им се поделиле карти кои со нетрпение чекале да ја видат на сцена нивната ромска икона од Бугарија Роксана и нејзиниот Рико Бенд,почнале гласно да негодуваат и да викаат по Амди дека ги измамил.
Ромите кои биле присутни повеќето од ромската прилепска населба Тризла барале од тоа паљачото режимско со бунда од 5.000 евра да ја извади бугарската и ромска дива Роксана на бината, а тој и Грујо да се тргнат од бина. Но Амди Бајрам со тоа бундата со кренати раце хистерично и безуспешно се обидувал да ги смири измамените обожаватели на згодната ромка Роксана и да ги разубеди да не ја напуштаат салата.
“Ама чекајте луѓе, читањето на политичката програма е дел од шоуто“, викал тој.
Во салата бил и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Мамката со интернационалната ромска ѕвезда не успеала. Река разочарани Роми нагло се излеале низ вратите. Останале едвај 30 отсто од полната концертна сала, да ги слушнат Бајрам и Груевски што сакале да кажат.
Но потоа откако голем број на роми ја напуштиле револтирано универзалната сала ,,Арена Сонце”, и откако им ветиле дека пејачката од Бугарија Роксана со нејзиниот бенд ќе бидат повторно на сцена, а Амди и Никола дека веднаш ќе се тргнат поголемиот дел од револтираната ромска публика се вратила на музичкиот хепенинг.
15134590_1165002193536143_8353671405991926236_n 15171145_1165002020202827_5152234384420448633_n 15137506_1165032563533106_4540312023925831797_o
15181182_1165032480199781_7316352678282359656_n