Праќањето мртовечки венец е исто чин на тероризам.

0
324

Хаџи Јанев за Канал 5 во врска со инцидентот во селото Гошинце изјавил:„Целта и позадината на терористичкиот напад е јасна:

gjorgji-spasov

 

Да испратат порака на застрашување и воедно да кажат дека се присутни на теренот како и да предупредат дека имаат некакво побарување„
Но нели се сите тие елементи заедно со илегалноста, содржани во: чинот на подметнатите бомби под колите на активисти на СДСМ во Битола и во чинот на испраќањето мртовечки венец во куќата на новинарот Борјан Јовановски, кој провладините медиуми го прогласија за странски платеник.


Сите се потресовме од Гошинце и пративме специјалци, оклопни транспортери, хелихоптери и беспилотни летала да откријат што се случило и кај избегале напаѓачите. А овие меѓу нас што подметнуваат бомби и пожари, што ни праќаат венци со порака дека ни претстои смрт, шетаат слободно и безгрижно.


Во земја во која Премиерот нарачува удирање шамари на опозиционен градоначалник , но никој да не дознае, и да изгледа како да е тоа резултат на гневот на побунетиот народ, веќе никој не е безбеден. Во таква земја насилството не е проблем. Тоа станало систем за заплашување, и за држење во страв на сите што власта ги смета за свои непријатели. Во таква земја можеби ќе ја одбраниме границата. Но без политички промени нема да можеме да се одбраниме на улица и во нашите домови.

Тој вид тереоризам не е помалку опасен од оној на границата. И тој има свои инспиратори, нарачатели и извршители кои во нормална држава треба да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата

Превземено од фејсбук зидот на проф. Ѓорѓи Спасов