ПРАТЕТЕ МУ ЈА ОВАА СТОРИЈА НА ГРУЈО ВО ИНБОКС: Поранешната претседателка на Јужна Кореја осудена на 24 години затвор!

0
858

Поранешната претседателка на Јужна Кореја Парк Геун-хие е осудена на 24 години затвор. Таа беше обвинета за корупција, злоупотреба на моќта, изнуда и протекување државни тајни.

66 годишната Парк исто така е казнета со 16,8 милиони долари.

Судијата Ким Се-јун изјави дека обвинетата треба да биде строго казнета за нејзините злодела. „Таа не покажа никакво каење за хаосот што го предизвика во земјата“ рече судијата.

Според обвинението Парк извршила притисок врз 18 компании да платат 72,3 милиони долари на фондацијата управувана од нејзината пријателка Чои Сон-сил.

Парк не беше присутна во судницата, но најави дека ќе се жали поради високата казна.