Пратениците на пауза, седницата продолжува во 1 часот по полноќ

0
330

Собраниската седница за ребаланс на буџетот ќе продолжи во 1 часот по полноќ, откако координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев побара еден час пауза.

Пратениците во Собранието на пленарна седница расправаа по предлог ребалансот на буџетот, а пратениците од опозицијата го узурпираа просторот на говорницата и цело време си реплицираа меѓусебно.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека власта треба да се навикне на седници кои ќе се одржуваат доцна во ноќта и дека владејачката коалиција ќе треба да си ги обезбеди сите 62 пратеника во салата.

Министерот за финансии Драган Тевдовски на почетокот на седницата образложувајќи го ребалансот на буџетот рече дека економскиот пораст од 2,4 отсто во 2016 година е најслаб од земјите во окружувањето и дека инвестициите во 2016-та забележале пад од 4,3 проценти.

Министерот за финансии рече и дека јавниот долг лани бил зголемен за 484 милиони евра во однос на 2015 година.