ПО НАРЕДБА НА ГРУЈО, МТВ ПОЧНУВА ИНФОРМАТИВНА БОМБАРДИРОВКА, ЦЕЛ ВИКЕНД ЌЕ СЕ ПУШТААТ ФИЛМОВИ НА ТЕМА ВОЈНА!

0
715

Во пресрет на протестот на т.н. „Тврдокорни“ денеска, како и најавената „мобилизација“ на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, и заканите со народ од Антонио Милошоски, слична мобилизација се случува и во МТВ.

Како што дознава Либертас, главниот и одговорен уредник на првиот програмски сервис на Македонската телевизија, Диме Ратајковски, побарал да се промени програмската шема на МТВ1 за викендов и да се пуштаат „борбени“ и „револуционерни“ филмови.

Според неговото барање, на програмата викендов ќе се вртат епизоди од серијата „Тврдокорни“ која опфаќа биографии на неколку револуционери од македонската историја, како и филмот „Републиката во пламен“.

Скандалозно е што јавниот радиодифузен сервис се користи за дополнително потпалување на атмосферата, кое веќе го прави ВМРО-ДПМНЕ и јавни личности блиски до нив.