Потресно сведоштво: Откако ми се јави на мобилен, отидов и сам го извадив син ми од автобусот и го донесов на Клиника, беше ужасно

0
736

Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече: „Не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобусот, ужасно беше, пренесува Република.

Вака на кусо ја раскажа трагедијата гостиварецот, кој својот повреден син го однел во Ургентниот центар во Клиниката „Мајка Тереза“.

За разлика од него, многу гостиварци кои дојода на местото на несреќата не ги најдоа своите најблиски. Додека повредените со возила на брза помош се упатуваа кон Скопје, многу гостиварци застануваа со своите возила над местото на трагедијата и делот од автопатот кон Скопје.

„Саше, кај си Саше“, низ плач го бараше својот син една жена, која потоа се спушти по стрмниот дел каде беа паркирани возилата на итната помош. Скршената банкина долга неколку метри падната до банкината над бездната сведочи за тоа како се случила несреќата. Автобусот од спротивната лента возејќи кон Гостивар ја пробил ограда, поминал на лентата што води кон Скопје и откако ја скршил и таа банкина паднал во бездната.