ПОТРЕСНА ИСПОВЕД ДО „СПОНТАНИТЕ“ ЖЕНИ КОИ ЧИСТЕА СПОМЕНИЦИ

0
1334
На 28 април,пред две недели, ја одбележавме 15 годишнината од масакрот кај Вејце,каде осум припадници на безбедносните сили на Република Македонија,од припадници на ОНА,беа масакрирани и живи изгорени, меѓу кои и нашиот син Игор.
Цело Тетово знаеше, а и во сите јавни гласила беше објавено, дека Патролата ја предал Игор Манојловски тогаш началник на полицијата на СВР Тетово за 700.000 марки. Освен што беше времено суспендиран,против началникот Игор Манајловски не беше покрената судска постапка за да одговара за предавство.
И ете,после 15 години,меѓу „спонтано„ насобраните мајки да ја чистат Портата Македонија, се најде и мајката на овој Игор предавник во 2001 година, да ни држи час по патриотизам и со недостојни навреди кон граѓаните од Шарената револуција, дека тие се изроди и предавници.
Бидејќи стави сол на нашите сеуште незалечени крвави рани,низ солзи и плач и многу вознемирен,би сакал да и поставам неколку прашања до „храбрата„ мајка на Игор Манојовски,за што сум убеден дека одговор не може да ми даде.
1.Дали твојот Игор предавник, го ставаш во исти строј со мојот син Игор кој стоеше на браникот и животот го даде во одбрана на Татковината Македонија.
2.Ги спомнуваш твоите внуци и зошто им оставаме вакви прлави споменици.Но зошто твојот син го остави мојот син без наследник,а нас како баба и дедо без да ги помилуваме и да се радуваме на наши внуци.
3.Како ги трошевте парите земени за предавство и спечалени на крвта на нашите чеда и дали помислувавте како се чуствувавме ние до гроба со бол и црнина. За животот на нашето чедо Игор,да ми поклонувате безброј триумфални капии,да ми го давате Скопје заедно со Тетово,ништо нема да ми значат. Ако си семоќна мајко на Игор Манојловски,врати ми го жив и здрав нашиот Игор.
4.Знам дека за овие 15 години,никогаш не си отишла кај Вејце на местото каде е извршен Масакрот.
Сега како мајка, не спонтано како пред Капијата,туку со грижа на совеста, организирано собери ги твоите пријателки и појдете на местото на Масакрот и ако можете да ги најдете, избришете ги крвавите траги од нашите синови.
Ако го слушнете од Шара ехото од нивните последни крикови,болки и запомагања за помош и ако имате човечки и родителски чуства, проронете некоја солза а ако совеста ви проработи, земете смелост и побарајте ПРОШКА од нашите масакрирани херои.
Од нас не барајте ништо, но не буричкајте по нашите крвавите рани, не не враќајте по нашиот крвав и црн животопис, оставете не на мир да си тагуваме, болуваме, плачиме до крајот на животот. За нас предавниците и убијците се на исто рамниште и за нив од наша страна нема прошка. Ако ја избегнаа судската правда, кога тогаш ќе ги стаса божјата.
Миливој Костески