Потрага по преживеани по цунамито во Индонезија

0
139

Спасувачките екипи трагаат по преживени по цунамито кое беше предизвикано од вулканска ерупција на 22 декември во Индонезија. Бројот на загинатите во несреќата се покачи на над 280 луѓе. Се очекува овој број да расте. Ранети се над илјада луѓе. Најмалку 50 луѓе се водат како исчезнати, а стотици домови, хотели и други објекти се разурнати од големиот бран кој беше предизвикан од ерупцијата на вулканот Кракатао во теснецот Сунда меѓу јава и Суматра. Спасувачките операции се очекува да траат една недела.