Потврдено гласачкото право на 1.5 милиони гласачи, 330.000 гласачи ќе се проверуваат теренски и административно

0
234

На околу 1,5 милиони гласачи во земјава им е потврдено правото на глас, во текот на вкрстената проверка на базите на податоци, известуваат од ДИК.

За 330.000 гласачи и адреси кои се покажаа како непостојани, во наредниот период ќе има теренска или административна проверка. Од ДИК појаснуваат дека за записите што не се потврдени во текот на вкрстената проверка постои одреден степен на сомневање, како, на пример, по основ на повеќе станари на една адреса или издавање државјанство или лична карта.

Анкетарите од Државната изборна комисија ќе започнат со теренска проверка на 89.383 записи во избирачкиот список.

Граѓаните кои се на привремена работа во странство ќе може да гласаат, така што ќе треба да се пријават  или во амбасадите и конзуларните претставништва, или да се стават на посебен избирачки список  тука во Македонија.

ДИК ќе ги брише податоците по три основи: по барање на граѓани, на барање на политички партии и по службена должност, преку управна постапка.