После борбите во Куманово седум претставници на ДУИ ја напуштиле Македонија?!

0
227

kumanovo 99

Најмалку седум преставници на ДУИ ја напуштиле Македонија после денот кога заврши конфликтот помеѓу македонската полиција и вооружената група во Куманово, велат за „Лајм“ партиски извори. Овие извори не сакаат да го откријат идентитетот на пребеганата „седумка“, меѓутоа велат дека нивниот идентитет може да се открие многу лесно.

– Направете еден круг низ скопската чаршија, низ центарот на Тетово и Гостивар, и многу лесно ќе откриете кои познати фаци од ДУИ не се забележуваат по кафеаните и рестораните – тврдат овие извори.

Тие не го обелоденуваат името на државата во која наводно побегнала седумката, ниту даваат поконкретни детали за нивото на овие пребегани функционери.