ПОРАКА ОД ПРИПАДНИК НА ТИГРИТЕ УЧЕСНИК ВО КУМАНОВСКАТА АКЦИЈА : ЈАНКУЛОВСКА БРУТАЛНО ЈА ИЗБРКАВМЕ КОГА НЕ ПОСЕТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КУМАНОВО!

0
17011

До новинарот Зоран Божиновски пристигна порака од припадник на специјалната единица Тигри во која се пишуваат детали кои никој не ги објави во врска со кумановската акција.

Еве што во пораката објавена на фејсбук зидот од новинарот Зоран Божиновски пишува

Порака од припадник на ЕСЗ ,,Тигар” учесник во кумановската кција
Зоране, точно е дека НИКОЈ  не смее да ни излезе пред очи по акцијата и катастрофата што ја преживеавме, а осум мои колеги погинаа.Точно е дека никој не сака да го повика на одговорност кумановскиот началник Јакимовски кој пред акцијата побарал налог за претрес на куќите во ,, Диво насеље”, со образложение дека бара наркодилери. НИКОЈ не пишува ни тоа дека брутално ја избркавме Јанкуловска кога ни дојде во посета на болница. Ја сметавме за виновна за она што ни се случи!
Ова на јавноста да и го соопштиш :
До денес два и пол месеци по акцијата н ЕСЗ ,,Тигар” не е направен РЕБРИФИНГ. Не сме ја анализирале акцијата, да лоцираме кој грешел и зошто грешел. Тоа го правевме после сите акции. Сегеа изостана! Практично, поради ова акцијата сеуште не е завршена. На Иво Котевски по акцијата, на прес конференцијата му избега еден термин. Рече дека ние сме биле во борба. Тука е клучот. Ако беше акција ќе беше планирана прецизно, ќе имавме преглед каде одиме и против кого, ќе имавме пресметан ризик. Иво Котевски точно рече дека ние сме биле во борба. Во нашата терминологија акција и борба се два различни термини. Во акција се оди со план, во борба се оди кога е во прашање слободата на нашата татковина, против непознат непријател. Тогаш се оди во борба. Никој не закажа РЕБРИФИНГ веќе два и пол месеци за да ни каже бевме ли во акција или бевме во борба?! Ако сме биле во борба, а кумановската група подолг период била во Македонија, зошто не отидовме во испланирана акција?
 Секогаш после акција сме правеле состанок на кои сме анализирале што се случило. По оваа акција нашиот командант Славчо Петрушевски молчи. Уста има, јазик нема! Не ставија во ,,ЛЕР”. Нешто чекавме, а не знаеме што чекаме. И пред секоја акција правевме план, а сега такво нешто немаше. Само не собраа и не втурнаа.
Особено боли сознанието дека Јанкуловска последниот документ кој го потпишала како министерка е државна тајна за наградување на знајни и незнајни за оваа акција. Таен е тој документ за да не се види какви пропалитети се наградени со по 10.000 евра. Освен тоа тој таен документ, нас припадниците на ЕСЗ ,,Тигар” не интересира и уште еден документ. Наредбата за акцијата во Куманово. Кој ја потпишал и што предвидел во анализата на ризикот?! Што предвидел, а што се случи? Тој ќе треба да одговара пред нас и пред јавноста. Осум семејства чекаат одговор. Биланс 8 мртви полицајци, 37 ранети и 5 тешки инвалиди…
Уште две вакви акции во режија на овие дилетанти и Македонија ќе нема специјалци…