Поради новата опција, Инстаграм доби огромен број критики

0
106
Instagram повторно воведе нови функции на мрежата, а и овој потег корисниците го доживеаа како копија на Snapchat. Откако ги воведоа „приказните“, сега воведоа и опција за испраќање фотографии што автоматски се бришат по извесно време.

Слично како и на Snapchat, фотографиите и видеата што ќе ги пратите на пријателите, откако ќе ги видат, автоматски ќе се избришат. Единствената разлика е што кога ќе ги отворите фотката или видеото на Instagram, пред затворањето и неповратното бришење, таа може да се прегледа неограничен број пати. За да ги разликува нормалните пораки од оние што се бришат, Instagram воведе и посебна икона за тоа, пишува Mashable.

Дел од корисниците веќе ја имаат оваа функција, заедно со функцијата за видео во живо, а оние што се уште не ја добиле надградбата, ќе ја добијат во следните неколку недели.

Instagram со делот „приказни“ привлече 100 милиони корисници дневно (што е околу третина од нивните дневни активни корисници), а со новите опции очекувањата се дека уште повеќе ќе се зголеми бројот на активни корисници.

СПОДЕЛИ