ПОП ШТО ЌЕ ОТПЕЕ И САШО ОРДАНОВСКИ ШТО ЌЕ КАЖЕ ТОА ЌЕ БИДЕ : Референдумот ќе успее!

0
561

Во политиката има два принципи во тоа како се градат ставови и како потоа тие ставови прераснуваат во стратегија. Едниот принцип е да ги знаете вредностите, да ги одберете вредностите, а потоа врз основа на тие вредности да изградите интереси. Вториот принцип е обратен. Да ги изберете интересите, а потоа врз основа на тоа како сте ги избрале интересите да градите вредности. Идеалната ситуација е кога тие две работи би биле во баланс. Но онаму каде што преовладуваат вредностите, демократската компонента е појака, а таму каде што преовладуваат интересите појака е компонентата на стабилност“, изјави Сашо Орданоски. член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ.

На конференцијата Макеоднски перспективи: Како до Европа? во организација на ЦИВИЛ и МЦМС, Орданоски ги истакна причините од потребата Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО.

„Тоа е мојата прва поента која ќе ве замолам да ја запомните заради втората поента. Македонскиот политички модел, е редок, и практично единствен на Балканот којшто се обидува да се развие. Тоа е мултиетничка, мултикултурна и мултирелигиска демократија во унитарни рамки. Тој модел е единствен, којшто се развива 27 години на Балканот. Во други држави имало обиди за тоа или пак тие обиди одат во друг контекст, во некакви федерални рамки и така натаму, каде што имате простор за држави како што е Грција, на пример, којашто е ултраконзервативна, и којашто, во таа смисла, иако е демократија, не препознава ваков тип на мултиетничност, како што е Македонија. Македонскиот политички модел е животно врзан за либералниот консензус на Европската Унија. Бидејќи тој либерален консензус на Европската Унија ги овозможува овие вредности коишто сме ги одбрале и врз коишто ги градиме нашите интереси. Проблемот е што во овој момент, во последните години, во Европската Унија преовладува интересот за сметка на вредностите и тој проблем врз нас се одразува многу лошо. Бидејќи Европската Унија е рамката, конструкцијата на зградата којашто се обидуваме да ја изградиме врз онаа вредносна компонента кога ЕУ разговараше за вредности и беше Унија на вредности. Историски, не и е прв пат на ЕУ да се врти повеќе кон интересите, но сега де факто е свртена натаму, па затоа и преовладуваат компоненти на дискусија за стабилност, мигранти, загрози, закани и така натаму…

Нашиот пат кон Европа е просто нешто без што не можеме да опстанеме. И затоа без врска е дилемата дали можеме вон Европската Унија. Ние, веројатно, не можеме без Европската Унија. Односно тоа би била само една фаза во којашто без ЕУ ќе имаме многу поголеми предизвици коишто можно е да завршат и со некаков распад, односно со замена на овој модел којшто сега го градиме. Тој повеќе нема да биде мултиетнички унитарен демократски модел, туку можеби ќе треба да се вртиме на некакви босански, косовски сценарија или уште полоши…

Ние тој модел го избравме во 90тите години. Србија на пример реши да не го избере тој модел. Србија реши да поведе три војни и сите да ги изгуби. Ако избереше ваков модел, да, веројатно денеска во Белград ќе се зборуваше Албански во Парламентот, но моделот можеше да ги извади од таа несреќа во којашто војуваа. Грците се разбира не ни помислуваат на тоа.

Тоа е втората поента, зошто нам ни е потребна Европската Унија. И на крајот, третата поента накусо. Климата која доаѓа ги дига сите чамци. Остануваат да тонат само оние чамци коишто се врзани за дното со ланец. Коишто не можат да се дигнат. Тоа е приказната за македонскиот референдум за ова решение со Грција. Таа плима, да не се секирате, ќе ги дигне сите чамци. Референдумот ќе успее. Бидејќи најголем дел од граѓаните не се будали. Прашањето е само едно. Кој од политичките фактори ќе одбере да биде врзан со ланец за дното. За нас Македонците, тоа не е неважно прашање, бидејќи ние, за жал, во историјата, ВМРО секогаш се случувало да остане од спротива на стратешките одлуки кои се носеле и кои биле некаква раскрсница во одделни историски контексти за Македонија. И за мене единственото прашање не е дали ќе помине референдумот. Тој 100% ќе помине. Заборавете анкети, заборавете се, тоа ќе помине глатко. Прашањето е дали ќе успееме ВМРО и тие дали ќе си дозволат да не останат потонати, врзани за ланецот, бидејќи тоа ќе биде повторно уште една точка во Македонката историја во која тие биле карши решенијата за просперитетот на нацијата“, рече Орданоски.

Извор: Цивил