Помош од 1.000.000 денари за настраданите од оне.Вип

0
339

Телекомуникацискиот оператор оне.Вип се вклучи во помошта на настраданите подрачја од поплавите. Денеска со Одлука на Управниот одбор на компанијата на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ се префрлени 1.000.000 денари наменети за настраданите во подрачјата.

Дополнително, со цел да им овоможи непречена комуникација на припејд корисниците во погодените области кои не се во можност да ги надополнат своите сметки, оне.Вип од утре ќе обезбеди дополнителен бесплатен сообраќај на своите корисници за што ќе добијат известување преку СМС порака.

Истовремено, од страна на вработените на оне.Вип собрани се големи количини на храна, хигиенски материјали, свеќи, чизми, ракавици наменети за кризните подрачја. Вработени во компанијата на доброволна основа ќе се вклучат и во расчистување и санирање на штетите за која цел ќе бидат ослободени од работа.

Корисниците на оне.Вип во Република Македонија може да донираат по 100 МКД повик на бројот за донација на Црвен крст (075/077) 143 400.

Стручните екипи во зголемен број се на терен и интервенираат при сите проблеми и прекини настанати како последица од невремето.