ПОЛИЦАЈКАТА ЈАНАЧКОВСКА: Другари го задржаа Бекир за да не ме нападне, ако ме нападнеше ќе се бранев со се што имав на мене, а имав и пиштол!

0
870

Нападната полицајка Јасмина Јаначковска за „Макфакс“ објаснува дека непотребно се кренала галама околу целиот случај со нападот од функционерот на ДУИ, Бекир Асани. Таа тврди дека немало физички контакт во ниту еден момент.

„Постои видео документација од надзорните камери, се гледа целиот настан. Не можам да лажам министер за внатрешни работи затоа што тогаш би подлежела и под кривична одговрност. Однесувањето на лицето беше премногу вулгарно и доколку имало напад никогаш не би го толерирала без разлика што би се случило понатаму. Не знаев кој беше човекот, но не ме ни интересира. Немав физички контакт со него, а од кафана излегоа пријатели кои го тргаа на страна и му викаа „Немој не ја тепај“. Во тој момент, ја зедов радио-врската и повикав засилување, со цел да превенирам да не дојде до такво нешто. Кога се свртев, раката ја удрив од пајак-возилото. Немав сериозни повреди, само се поткачив на возилото“, вели полицајката Јаначковска, водич на безбедносен реон за „Макфакс“.

Полицајката вели дека била во болница, но тоа било превентивно бидејќи осетила болка од ударот, а лекарите утврдиле дека нема никакви повреди.

Утрово на покана од министерот за внатрешни работи, Јаначковска го раскажала случајот и лично му објаснила дека не е повредена туку сама се удрила. МВР информираше за средбата и и изјавата на полицајката, по што пристигнаа лавина од рекации на социјалните мрежи.

Извор: Макфакс