Повеќе од 1.000 учеснички трчаа на женската трка пред Скопскиот маратон

0
346

Околу 1.000 натпреварувачки денеска учествуваа на големата женска трка која се одржа во Скопје и истрчаа два километри околу езерцето во Градскиот парк. На најдобрите во неколку возрасни категории им беа доделени медали и дипломи, а беше организирана и лотарија за сите учеснички. Трката е дел од промотивните активности за најмасовниот спортски настан во земјава, Скопскиот маратон кој ќе се одржи на 8. мај.

Досега за Скопскиот маратон се пријавени повеќе од 4.500 натпреварувачи од 38 земји, а аплицирањето за учество е отворено до 29 април со што се очекува бројот на учесници уште повеќе да се зголеми.  Женската трка која се одржа денес е дел од промотивните активности на скопскиот маратон чија цел е да се популаризира трчањето како спортска активност. Останува да се одржи уште и детската трка која е насочена кон тоа да им го приближи трчањето и на најмладите.

На Скопскиот маратон главно обележје се: стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратонот (21.097км) и трката на 5 километри, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.

Повеќе детали за самиот маратон, пријавување и дисциплини сите заинтересирани може да најдат на веб страната www.skopskimaraton.com.mk.