Плусинфо: Во кое својство Вељаноски беше на ручек кај поглаварот на МПЦ?

0
1060

Во кое својство вчера Трајко Вељаноски бил повикан на кај поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан на традиционалниот божиќен ручек со државниот врв?

– Во кое својство беше таму присутен Вељаноски? Тој во овој момент не е во државниот врв согласно уставната хиерархија, тој е само пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. А ако сакал поглаварот на МПЦ да повика некој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можел да викне и некој друг, не морало баш Вељаноски – вели пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Според собранискиот деловник, Вељаноски е само пратеникот кој ја свикал првата седница, односно претседавач и претседава со седницата на Собранието додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.

Целата сторијаи може да ја прочитате ОВДЕ