Писмо до поранешното момче: „Благодарам што ја пушти да си замине“

0
196

Жените ширум светот се воодушевија од писмото на едно момче, упатено до поранешното момче на неговата девојка. Во писмото кое е споделено околу 20 000 пати, момчето открива колку ја сака својата девојка. Истото е објавено на Фејсбук на страната Love What Matters, по што за кратко време стана вирален хит.

„До мажот кој ја пушти да си замине,

Ти благодарам. Ти благодарам што си замина од нејзиниот живот, што ја остави. Ти благодарам што ми даде можност да ја сакам, да правам работи кои ќе ја направат среќна, да ја чувам. Ти благодарам што ја повреди.

Ако не, немаше да научи вредна лекција. Ќе се обидам да не ја повредам, бидејќи ме боли кога ја гледам како плаче.

Ќе ги правам сите работи кои ти не успеа да ги направиш за неа, како да бидеш таму кога се чувствува осамено, што не ја направи свој приоритет и ја направи да се чувствува само како опција, што не ги слушаше нејзините приказни и жалби, без разлика на тоа колку се бизарни или клише

Што не ѝ посвети време и љубов, иако не ги бара од тебе.

Ќе се грижам за девојката која ти не успеа да ја цениш.

Ќе ја сакам девојката која ти ја зеде здраво за готово.

Ќе направам сè за да ја задржам и да ја натерам да остане.

Ќе ја сакам за тоа што е и ќе ја поддржувам во сè што сака да биде.

Ќе бидам партнерот кој ти не успеа да бидеш. Ќе бидам мажот кој никогаш нема да ги прави истите грешки кои ти ги правеше.

Никогаш нема да ја напуштам.“

СПОДЕЛИ