Пендаровски: Нема правна држава ако се гонат само криминалци од претходната власт

0
1318

Претседателот на државата Стево Пендаровски денес побара да се интензивира истрагата за случајот „Рекет“, во чии рамки досега притворени се Бојан Јовановски и Зоран Милески, а материјалите што излегоа во јавноста ја инволвираат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Според него, мора да има одговорност за сите за кои ќе се докаже вина, без разлика, како што вели, на нивната партиска или политичка припадност.

-Како што верував во СЈО порано, денес уште повеќе верувам во потребата за институција која ќе се бори против високата корупција. Евентуална индивидуална одговорност на еден обвинител не смее да ги доведе до прашање СЈО и доказите изведени во законска процедура – рече Пендаровски, додавајќи дека нема правна држава ако власта ги гони криминалците само од претходната власт, а не, како што вели, и криминалците во своите редови.