(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Пендаровски на трибина во Гази Баба: Сложни внатре, со отворени врати кон интеграциите продолжуваме заедно напред

0
1196

Мојот концепт како иден претседател е за да се помириме внатре како општество. Сложни внатре со отворени врати за европските интеграции, да продолжиме напред со крупни чекори, порача синоќа заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на граѓанска трибина во општина Гази Баба.

– Знаете дека не постои држава која може да ги реши своите проблеми кои најчесто се од социјално-економска природа, ако не е дел од Европа. Затоа, презедовме одговорност и донесовме тешки одлуки. Затоа што не мислевме на политичкиот рејтинг, туку се грижевме за подобра иднина на Република Северна Македонија и така и ќе продолжиме, порача Пендаровски.

Пендаровски порача дека Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ немаат никаков план, освен враќање назад заради криминално богатење на поедници и затоа, рече Пендаровски, треба да ги остават оние кои работат за доброто на граѓаните, да продолжат понатаму.

Одговарајќи на прашања од граѓани, Пендаровски потенцираше дека тој како претседател ќе ги застапува интересите на сите граѓани без разлика на етничката, верската, националната или политичката припадност.

– Во секој мој настап, изјава и политичка одлука, ќе рефлектира мултиетничката реалност на нашата држава. Затоа што јас навистина имам намера да бидам претседател на сите граѓани, без разлика на која вера, нација или политичка партија припаѓаат. Затоа да продолжиме заедно напред, повика Пендаровски.