Павле Богоевски: Првиот тест на нашата зрелост е продолжувањето на мандатот на СЈО

0
119

Првиот тест на нашата зрелост е продолжувањето на мандатот на СЈО.

груевски ќе ја искористи секоја секунда за да одолговлекува, иако знае дека нема да може да формира Влада. Затоа дпмне за прв пат инсистираше велјановски да биде претседавач на конститутивната седница на Собранието наместо како до сега, најстариот пратеник/чка.

Но, колку и да даваат отпор, ако кај другите постои реална волја, мандатот на сјо може да биде продолжен и покрај препелкањето на фамилијата во калта.

20 Пратеници можат да побараат свикување на седница на Собранието.
61 Пратеник можат да изберат нов Претседател на Собранието кој нема да биде трајко, ниту од дпмне.
1 Пратеник може да побара од новиот Претседател да закаже седница за продолжување на мандатот на СЈО и менување на законите за заштита на сведоци и свиркачи,
61 Пратеник можат да го продолжат мандатот и да ги изгласаат законските измени.

А груевски може слободно да си го гушне мандатот овие дваесет дена, бидејќи никогаш повторно нема да види такво нешто.

Фејсбук статус на Павле Богоевски

СПОДЕЛИ