ОM: Власта не го пушта Бошкоски на слобода, иако ги исполнува условите

0
221

Власта не го пушта Љубе Бошкоски да излезе од затворот во Идризово иако сите услови за тоа се исполнети, реагираат денеска од Обединети за Македонија.

– Од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ е испратена порака до нивниот директор на затворот,Живко Пејковски по никоја цена да не се дозволи излегувањето на Љубе пред одржувањето на изборите. Стравот оди до таму што директорот Пејковски, злоупотребувајќи ја службената положба, му го ускратува законското право на Бошкоски, на скратување на затворската казна од три мeсеци, право што досега го добиле сите осудени лица – рече Марјан Огњановски од ОМ.

Тој најави и протести од следната недела доколку нивниот лидер не биде пуштен на слобода.