Охриѓанка плаќала во бурекџилница со 20 ФАЛСИФИКАТ 500 ДЕНАРКИ

0
168

Дваесетгодишната девојка купувала низ Охрид со четири лажни банкноти од по петстотини денари со ист сериски број. Две фалсификувани банкноти од по 500 денари пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, а по една во продавница, ноќен клуб и бурекџилница во Охрид.

4B0630D5F31E254ABB2AA4FBDF4E5685

На 14 мај околу 21 часот, девојката од вработениот во продавницата во Пештани побарала двете банкноти од по 500 денари да ѝ бидат заменети за една банкнота од 1000 денари.

Продавачот ја услужил, но подоцна забележал дека двете банкноти од 500 денари имаат сомнителен квалитет и дека имаат исти сериски број.

Фалсификуваните пари се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Против неа е поднесена кривична пријава за фалсификување пари.

СВР Охрид презема дополнителни мерки за утврдување на можна соработка на пријавената со други лица кои изработуваат лажни пари со намера да ги пуштат во оптек како вистински.

СПОДЕЛИ