ОТКАКО НЕ УСПЕАЈА ДА ГО ОТЕПААТ, ГРУЕВЦИ САКААТ ДА ГО ПИКНАТ ЗИЈАДИН СЕЛА ВО ЗАТВОР!

0
2500

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градоначалници на општините Струга(ЗИЈАДИН СЕЛА), Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице“, соопшти денеска Обвинителството.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик.