Отворено писмо до другарите полицајци

0
221

Другари полицајци..

Меѓу Вас имам голем број на другари, пријатели, познаници па дури и роднини.
Во оваа прилика би сакал да Ви укажам на неколку важни работи.
Вие сте професионалци и треба секогаш да бидете на висина на вашите задачи. Но сепак, треба да знаете до кога и до каде.?!
Ова што изминатиов период и деновиве се случува е само предвесник на доаѓањето на СЛОБОДАТА… мислам дека на секој му е тоа јасно.

adnan

Другари полицајци…
Тоа што деновиве следи нема да биде изолиран штрајк или незадоволство на работници на некој колектив кои си ги бараат своите права.

Нема да биде протест на една група незадоволни земјоделци на кои не им се исплатени субвенциите, ниту протест на уништени сточари,

Нема да биде протест на група социјално загрозени, ни протест на угнетувани работници или стечајци.

Нема да биде протест ниту на средношколци или студенти, ниту пак протест на наставници и професори,

Ниту протест на незадоволни лекари..

Почитувани мои другари полцајци…!!!
Тоа што следи наредниве денови се вика, НАРОД..!!
Вашиот НАРОД… другари полицајци..!!!
НАРОД кој Вас ве поставил да го штитите и браните, а не да го тепате.
НАРОД кој знае што сака и што бара…! и конечно,
НАРОД кој, секако ќе се избори за својата СЛОБОДА.
Но сепак, на Вас другари полицајци е да одлучите на чија страна ќе застанете, која страна ќе ја изберете..!?

Ќе застанете на страната на НАРОДОТ, и ќе станете нивни херои за вашите имиња од народот, бидат со златни букви запишани во историјата на оваа земја, или
ќе изберете да застанете зад неколку (после се она што го видовме и чувме досега) умоболни криминалци од врхушката на власта за кои нема ништо свето, па бранејќи ги нив ќе бидете засекогаш зацрнети и обележани како поддржувачи на злото и луѓе кои го тепале својот народ.
Другари полицајци..! Мислам дека Ви е јасно дека ниедно зло неможе да се сокрие. Видовте и самите дека, сите други одат “курбан” само заради болните умови на братучедите. Слушате дека нив не им е грижа за никого, освен за себе.

Убеден сум дека меѓу Вас полицајците најголемиот дел сте свесни и совесни луѓе. Убеден сум, а и јас лично познавам такви кои како што нашиот НАРОД милува да каже, луѓе “од мајка родени”.

Сигурен сум дека нема да си дозволите цел живот да го имате на совест својот НАРОД,
Сигурен сум дека некој од Вас немисли дека тепањето на својот НАРОД е некаква “величина”..!? Сигурно дека знаете, оти најголема човечка, а и морална величина е заштитата на својот НАРОД..!?

Другари полицајци..!!!
Незнам дали знаете, дека ние граѓаните на Р. Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите останати.. со нашите деца, родители, стари и млади, жени и мажи, ваши пријатели и роднини.. сите ние ЗАЕДНО, сплотени во една душа, со сите наши разлики, со сите наши мани и доблести, на 17-ти Мај ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ на МИРЕН ПРОТЕСТ, за да им кажеме на режимските монструми дека, нивното (не)владеење заврши.

По тој повод, другари полицајци.. Ве покавувам и Вас, храбро, достоинствено и гордо, застанете на страната на НАРОДОТ.
Не му дозволувајте на режимот, да ви го уништи најдрагоценото…

Вашиот НАРОД е Ваша иднина…!!

Другари полицајци….!
РЕЖИМОТ МОРА ДА ПАДНЕ..!!!

Фејсбук статус на Аднан Џафероски, член на ИО на СДСМ