Отворени листи против затворен ум

0
273

Никита Хрушчов го заменил Сталин по неговата смрт. Тој во една огромна сала држел говор упатувајќи жестоки критики за бројни злодела кон неговиот претходник. На крајот овозможил прашања. Некои од слушателите на писмена форма поставил едно многу незгодно прашање: – “Па каде бевте Вие претседателе додека Сталин правел такви здодела“?  Хрушчов нервозно се обратил до слушателите – “Кој има поставено вакво прашање“? Во салата мртва тишина. По некое време Хрушчов одговорил – “Па го правев тоа што поставувачот на прашањето сега го прави. Молчев“.

mersel-bilali

Сега актуелно е – што изборен модел и систем ни треба. Нашиот изборен модел веќе три пати е променет со разновидни аргументи – избегнување на изборните инциденти, намалување на финансиски трошоци, ефектуирање на секој глас итн. Но, сега гледаме дека постојниот пропорционален модел со затворени листи, не само што уште повеќе ги оддалечил народните избраници и власта како целина од граѓаните, туку има создадено неконтролирано мафијашско владеење. Премногу ја зајакнал позицијата на лидерите, кои реално не нудат ништо посебно освен трампа на лажно срце за дебели пари. А сите други околу него молчат. Тоа по секоја логика ја задушува и така слабата партиска демократија. Од лидерите зависи како или дали воопшто некој ќе биде рангиран. Тоа овозможува силна лична власт концентрирана кај нив без контролни механизми, а на штета на партиската и општата демократија. И сега влегувате кај лидерот со свое мислење, а излегувате со негово.

Факт е дека и по толку години плурално искуство, политичките партии како главни носители на политичкиот живот не успеаja да се здобијат со потребен внатрешен демократски капацитет. Тоа неминовно неповолно се рефлектира во севкупниот демократски амбиент во државата. Па оттука и општата стагнација во сите области, оти за одржлив развој потребно е ефикасно и професионално функционирање на институциите и ефикасно владеење на правото. Тоа апсолутно го немаме. Во нашето правосудство ако сте пријавиле владин арамија, судот ќе ве натера да му платите дебела отштета. Вистинската демократија не може да се постигне само со формално нејзино прогласување, туку е потребно ефективно зајакнување на професионалниот капацитет, одговорност и отчетност во рамките на самите политички партии како основни градители на севкупниот демократски живот во државата. Поинаку ќе продолжиме да живееме со квалификацијата дека демократијата е процес кој гарантира дека нема да се владее со нас подобро отколку самите заслужуваме.

Целата колумната на професорот Мерсел Биљали може да ја прочитате ОВДЕ