Оставката на лепушкастиот министер

0
291

Како што e редот, кога работата е наредена, да не речам спакувана, “државната“ МТВ му даде простор на министерот Иво Ивановски лично да обзнани, да ни ја соопшти жалната вест, дека ке не напуштел, оти многу јака светска компанија му понудила, а он, ете, не можел да одбие. И шефот негов имал разбирање, сесрдно го поддржал и се потрудил за “опроштајното“ интервју да биде ангажиран лично “професионалниот“ главен уредник на телевизијата.

aco-kabranov1

Горан де, што се жали дека ние непрофесионалците сме му вршеле притисок, а он си работел по сите новинарски стандарди, и во МТВ, а богами и во последните години на А1.

И фино Столе анкерот, бамбара бумбара, го најави шокантното интервју кое требеше да ја потресе јавноста, оти си одел “најуспешниот“ министер, и оп, ексклузивка со Иво и Гоги. Уф колку професионално онака со убав целофан “професионалецот“ новинар, му нафрлаше топка, овој да се испофали за 9-те, чинам, години министерување кај Грујо.

Изнесоа “фрапантен“ успех оти кога тој пред девет години дошол македонците само 20 насто употребувале интернет, ама тој со работа 24/7 и секако, не заборави да се заблагодари на подршката од пастирот, не направил брате дури 70 насто да сурфаме на интернет.
Бравос, ама Иво оти живеел во Америка незнаел дека иако сме сиромашни не сме диво необразовано племе, и дека отсекогаш овој народ колку можел го следел трендот на новите технологии. Ок, фала што не го следел трендот на Северна Кореја, не ја скратил нашата конекција со светот. Тоа да, но по ѓаволите, не ни даде бесплатен интернет, компјутери не ни купуваше.
Значи ние сме сакале и сме инвестирале од свој џеп да сурфаме на интернет.

Нормално Горан не бекна, не праша, за ај нека биде,с амо еден од најконтроверзните да речам корупциски проект, КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, се разбира во дуинг бизнис со браќата Кинези. Ефектите ги знаеме сите.

Целата колумна може да ја прочитате ОВДЕ