Османи: Нема предизборна коалиција со СДСМ

0
1021

Вицепремиерот Бујар Османи очекува позитивна динамика во однос на членството на Македонија во ЕУ, но сепак е внимателен во однос на ветувањата или спомнувањето на конкретни датуми. Османи во емисијата „200“ на Алсат рече дека земјата е подготвена да ја прифати новата методологија предложена од Франција, но само ако со неа се предвидува полноправно членство. Во емисијата Османи зборуваше и за можните коалиции на ДУИ, но кажа дека најверојатно нема да има предизборна коалиција со СДСМ. Османи одговори и на обвинувањата на опозицијата и јавноста на сметка на нивните функционери за корупција, пренесе Либертас.

„Јас мислам дека секој од нас, секоја политичка партија прво треба излезе пред граѓаните да ја добие довербата од граѓаните, а потоа да се разговара за коалиции. Јас мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде во Владата. Ја исклучувам можноста за коалиција со СДСМ, ние имаме соработка. Јас сум против концептот на деетнизирање на албанската политичка сцена во Македонија, односно неалбанска, туку било која политичка сцена да се деетнизира. Мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде нивен претставник, иако со СДСМ имаме добра соработка во овие три години“, рече Османи.