Ордановски : Парадоксално, ВМРО-ДПМНЕ го доби и најдобриот и најлошиот изборен резултат на кој можеше да се надева

0
306

Парадоксално, ВМРО-ДПМНЕ го доби и најдобриот и најлошиот изборен резултат на кој можеше да се надева. Од една страна, остварија изборен успех кој е речиси израмнет со резултатот на противникот од страна на власта, што мора да е изненадувачки добро и за самите нив.

Од друга страна, ваквиот резултат не им остава простор за „бојкотирачки маневар“ во вториот круг, дури макар и во „крајна нужда“ да размислувале за тоа.

Овој резултат ги обврзува да мораат максимално да се мобилизираат и за вториот изборен круг и, со тоа, потенцијално, да ја легитимираат победата на Пендаровски на овие претседателски избори.

Бидејќи, да не се залажуваме: Пендаровски, објективно, е фаворит во вториот изборен круг.

Целата колумна, на Цивил Медиа.