ОПЉАЧКАН ЗАМОК ОД НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ВО БЛИЗИНА НА ПАРИЗ

0
273

Сопствениците на замокот Во-ле-Викомт, во близина на Париз, синоќа биле задржани од крадци како заложници. Притоа, крадците заминале со плен чија вредност се проценува на околу два милиона евра, истакна јавен обвинител.

Настанот се случил нешто пред зората во замокот кој е изграден во 17. век и претставен како модел на Версајската палата.

Сопствениците биле врзани од неколумина крадци но нема повредени. Судската полиција во Версај е надлежна за истрагата.