(ВИДЕО) ОПШТИНА ПРИЛЕП ГИ ДЕМАНТИРА КУРТОНИТЕ НА МАРКУКУЛЕ – ИНВЕСТИЦИСКА БОМБА ОД 3.3 МИЛИОНИ ЕВРА ЧЕ МУ СЕ СЛУЧИ НА ПРИЛЕП : Во Прилеп нема да се градат бегалски кампови туку ќе се гради Информатички центар за зачувување податоци, во услови на катастрофи и елементарни непогоди!!!

0
186

По дезинформациите пласирани на интернет и социјалните мрежи дека во Прилеп ќе се гради камп за бегалци, Општина Прилеп информира дека согласно со Одобрение за градење од 23.11.2017 година издадено од Министерство за транспорт и врски на РМ, во месноста викана „Караташ“ во близина на касарната „Мирче Ацев“ на патот кон вештачкото езеро во тек е изградба на ИКТ (Информатичко –комуникациска технологија) Центар за опоравување од катастрофи.

Овој информатички центар треба да обезбеди зачувување (бек-ап ) на податоците во услови на можни катастрофи и елементарни непогоди.

Проектот е финансиран од ИПА фондовите на Европската унија за 2013 година, за потребите на Министерството за внатрешни работи., што значи краен корисник е МВР. Висина на проектот е 3.398.473евра, најголем дел обезбедени од инвеститорот ЕУ (2.437.000 евра), а останатите со национално кофинансирање.

Договорот е потпишан помеѓу Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии и избраната компанија, согласно критериумите на ЕУ. Како имплементатор на овој проект во тендерската постапка за избор на најповолен понудувач беше избрана фирмата “4А-М SHPK“ од Република Албанија.

Дополнително се работи на проект за целосно опремување на центарот, во висина од 7 милиони евра од кои 5.950.000 евра од ИПА и 1.050.000 евра од национално ко-финансирање. Во овој центар ќе работат околу 60 вработени.

Прилеп од сите предложени локации во предифизибилити студијата е избран како клучна стратешка локација, каде што ќе се чуваат податоците за да се обезбеди континуитет во работењето во услови на природни непогоди и катастрофи. Ова е дел од обврските на РМ за исполнување на европските стандарди на патот кон ЕУ.

Сите други дезинформации дека на оваа локација ќе се гради бегалски камп се целосно невистините и се класичен пример за ширење говор на омраза.