Општина Гази Баба распишува јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на нови печки на пелети

0
1029

Оваа година општина Гази Баба продолжува со субвенционирање на сите граѓани за набавка на нови печки на пелети, во износ од 70% од вредноста на грејното тело, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход. За оваа намена, годинава од буџетот на општината обезбедивме 550.000,00 денари.

Целта е преку оваа мерка да се влијае на намалувањето на загадувањето, на заштитата на животната средина и природата. А кај граѓаните да се создаде навика за користење на еколошки огревни материјали наместо на загадувачки.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето заклучно со 15.10.2019 година, a ќе се реализира по принципот “прв дојден прв услужен“. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства Општина Гази Баба ќе ја информира јавноста дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

За утврдување на исполнувањето на условите за доделување на финансиски средства се формира Комисија за спроведување на постапката која е должна да ја спроведе во две фази.

– во првата фаза Комисијата потребно е  да ги разгледа пристигнатите барања и документацијата доставена во прилог,

– во втората фаза Комисијата ќе изврши теренски увид кај сите баратели кои ги исполниле наведените услови, ја купиле печката во предвидениот рок и ја инсталирале во живеалиштето според личната карта.

При теренска проверка од страна на најмалку 3 (три) члена на Комисијата од член 5 став 1, подносителот треба да овозможи пристап до објектот и просторијата во која е инсталирана набавената печка на пелети.

Сите заинтересирани граѓани подеталните информации можат да ги најдат на следниот линк:

http://www.gazibaba.gov.mk/mk/javni-povici/javni-povici/aven-povik-za-nadomestuva-e-na-del-od-troshotcite-na-gra-anite-na-podrach-eto-na-opshtina-gazi-baba-za-kupuva-e-pechki-na-peleti-za-2019-godina?fbclid=IwAR0qGNHVE6OvzBHbURxrIHVMnFCYf6id4oWYJTzOE4HVJusI1zHJiT8MhpU

Со почит, одделение за односи со јавност

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА