ОПАААА, ПОЧНАА ДА СЕ МНОЖАТ ЛОПУЖИ И ИНДИЈАНЦИ КАЈ КАТА НА РАСПИТ : Во СЈО деновиве и Виолета Аларова, Силвана Бонева, Мендух Тачи…

0
3736

Се остварија најавите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за „засилена фреквенција на лица“, кои ќе бидат повикани во оваа институција. Деновиве, на вториот кат од зградата наречена „порта Кузман“ близу до Клубот на пратеници, како на лента се менуваат актуелни и бивши градоначалници, поранешни министри, полициски функционери, пишува Утрински весник.

sjo_titanik_3-670x373

Повиканите доаѓаат сами, во придружба на адвокати, или на најблиски соработници, на разговор, распит, или да дадат исказ. Со оглед на тоа што грото отворени предмети пред СЈО се во предистражна постапка, најголемиот број на оние што доаѓаат се во својство на граѓани да дадат информација за проверка на содржината во преземените предмети од обвинителствата, таканаречените „бомби“ на опозицијата, или пак, во новите материјали произлезени од морето незаконски прислушувани аудиоснимки. Но, дел од посетителите на СЈО се повикуваат и во својство на сведоци, некои и како обвинети.

Неделава по вторпат за два различни предмети (Скопје 2014 и демолирањето на Оштина Центар) дојде градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Во придружба на адвокатот Никола Додевски, неделава се појави ексминистерката Гордана Јанкуловска, а пред неа, и шефот на кабинет на поранешниот прв човек на УБК, Тони Јакимовски. Во петокот требаше да се појават ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова. Во почетокот на наредната недела, како што дознава Утрински весник, се очекува да се одзват на поканите и поранешната пратеничка и актуелен член на ДИК, Силвана Бонева, пратеникот од ПЦЕР, Самка Ибраимовски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи.