ОПАААААА, ЕВЕ КОЈ ТОА БИЛЕ ШПИУНИ НА СТРАНСКИТЕ СЛУЖБИ : Сашо Мијалков, Горан Груевски и Мирка Велиновска биле шпиони на странски служби!

0
16289

Денеска двајца обвинители на СЈО официјално се појавија на судското рочиште на случајот Шпион. На денешната седница судијата известител ги читаше жалбите од одбраната и обвинитетите, а попладнето неколку бранителите и од обвинитетите дадоа и своја одбрана пред Апелација.

Усната одбрана, односно дополненијата на жалбите треба да продолжи и да заврши утре, а во попладневните часови, на крај, и СЈО ќе треба да се произнесе за случајот. Она што беше интересно на денешното рочиште беше излагањето односно одбраната на првообвинетиот во случајот -Марјан Ефремов.

Ефремов тврдеше дека е жртва на политички монтиран процес и предмет на лична одмазда на Сашо Мијалков и Горан Груевски. Ефремов обелодени дека тој ја водел операцијата и ги имал информациите за проневерите со изреалската опрема за прислушување во Минисретството за одбрана во времето кога Мијалков беше шеф на военото разузнавање. Исто така спомена дека тој лично ја водел оерацијата за документирање на шпионажа, во која Мијалков и Горан Груевски биле фатени живи како продаваат информации на српските разузнавачки служби. Во одбраната Ефремов образложи дека во случајот со Мијалков и Груевски биле исполнети сите елементи на кривичното дело, затоа што била идентификувана странската служба, припадниците на таа служба, биле дикументирани материјалите кои што се продале и имало фотографии од примопредавањето на средбата.

Ефремов објасни дека водел уште една операција, за која во првостепената постапка побарал од судот да ги прифати тие докази но бил одбиен, а се работело за голема листа на бизнисмени и политичари кои се платени од странски служби. На крај, во делот на двојните аршини на судот направи споредба со тоа што тој е осуден за уцена врз Даравелски на територија на Србија, а за слоучајот со пиштолот на Мијалков, истото обвинителство се прогласило за ненадлежно за кривични дела на територија на друга држава.

За крај, околу двојните аршини, се чудеше зошто не е лустрирана Мирка Велиновска, за која тој и негови потчинети биле официјална врска додека таа била кодош за службите во Македонија, но дека имало и докази за нејзе дека е играч и на странски разузнавачки служби и дека работи против интересите на Македонија.