Онаа дебела ДИКТАТОРСКА ШУШУМИГА не ја бива ни за КРИВ КОЛБАС : С.Кореја лансираше ракета која ЕКСПЛОДИРА ВЕДНАШ ОТКАКО БИЛА ЛАНСИРАНА!!!

0
607

Северна Кореја лансираше ракета синоќа во близина на Синпа, на својот источен брег, а ракетата експлодира речиси веднаш откако била лансирана, изјави портпарол на Пацифичката команда на САД.

– Ракетата експлодира речиси веднаш по лансирањето. Се уште проценуваме за кој тип ракета се работи, изјави Дејв Бенем. Лансирањето било околу 21:30 часот по Гринич.

Северна Кореја вчера одбележа 105 години од раѓањето на својот основач Ким ил-Сунг со воена парада во Пјонгјанг во момент кога растат тензиите во регионот поради нуклеарните и ракетни програми на таа држава. За време на парадата армијата на Северна Кореја претстави и нова интерконтинентална балистичка ракета.

СПОДЕЛИ