Оливер Спасовски и волонтери од СДСМ денеска на помош во погодените подрачја

0
403

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна, известуваат од партијата.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, заедно со волонтери и активисти на СДСМ, со поддршка на специјализирани возила и денеска се со жителите на скопските населби погодени од невремето.

Активностите коишто ќе ги предводи генералниот секретар Спасовски започнуваат во 09.00 часот утрово, на влезот во населбата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје (влез во населбата, кај бензинската пумпа на „Макоил“).

Акциите за помош продолжуваат во населените места Стајковци, Сингелиќ и Инџиково, а ќе биде поделена и хуманитарна помош во сите погодени подрачја, велат од СДСМ.