ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА МУ ОСТАНА ВЕРНА НА ОРЦЕ КАМЧЕВ, И ТАА СЕ ЖУРКАШЕ НА ПРИВАТНАТА ЗАБАВА

0
1228

Ништо чудно и таа да е главен ПР советник и стратег на дејствувањето на Орце Камчев овие месеци и целата таа операција околу Боки и Катица…

На интернет се појавија фотки од Орце и Ана Камчеви како се веселат со караоке качени на маса.

Очигледно некој е пресреќен со крахот на СЈО, но ќе видиме до кога ќе трае ова веселење, сепак процесите ги презеде ОЈО и тие ќе продолжат и понатаму.

Можеби се надеваат дека ова е сепак некаква пирова победа или пак дека процесите ќе заглават низ судските лавиринти, но тешко дека до тоа ќе дојде.

Ако за нешто имаат право да слават е за МАСАКРОТ кој им го направија на Боки и Катица, двајцата се во Шутка, Боки ја изгуби телевизијата а Катица остана без работа.

Прашање е сега колку години ќе заглават во затвор.