ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП : Наместо пари за автобуси за градски превоз и мовче со милионска сума можеше да се набават авиони за гаснење пожари

0
168

Во текот на вчерашниот ден 5 пожари на различни места во општина Прилеп пустошеа и се закануваа да предизвикаат катастрофални последици.

Најалармантно беше на планинскиот превој Плетвар, каде пожарот кој избувна околу 14:00 часот, ја држеше заробена целата држава.
Километарски колони патници, меѓу кои и мали деца останаа заробени до доцна во ноќта поради неспособноста на надлежните да се справат со огнената стихија и да го ослободат патот.

Секоја чест на секогаш храбрите пожарникари кои со натчовечки напори се бореа на пет фронтови, но во вакви услови потребно е повеќе од човечки фактор.

Наместо сомнително набавени болиди автобуси од по 250.000 евра и мовче за фантастични 500.000 евра, општината можеше да набави нови возила за противпожарната единица, а наместо пршути, бифтеци, лубриканти и одржување на зеленило за милионски суми, Владата можеше да набави авиони за гаснење пожари.
Затоа ни се случи катастрофата кај Велес, а сега слична катастрофа и кај Прилеп.

Којзнае кој град и чии домови наредно ќе бидат загрозени поради негрижата на овие луѓе кои со секој изминат ден во фотељите на власт нанесуваат незамислива штета.
Секој изминат ден и се’ она што ни се случува е доказ дека кај овие луѓе не постои свест за она што е приоритет и потреба на граѓаните.

Државата ни изгоре, а тие се занимавале со милионско рекетирање на фирми и уцена на луѓе.