ОД СТРЕС ОТКАЖАЛ ЕДНИОТ БУБРЕГ НА БОКИ 13-КА

0
471

Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 може да умре за 15 минути. Му откажал левиот бубрег, изјави за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено. Адвокатот вели дека секој ден здравствената состојба му се влошува.

Фактор се обиде да ја потврди информацијата, но Дуковски не е достапен.

Боки 13 е во притвор веќе неколку месеци за случајот „Рекет“.