ОД ОВА СЕ ТРЕБА ДА ВИ Е ЈАСНО ЗА ОВОЈ ЧОВЕК И ОВАА ПАРТИЈА: Мицкоски имал неодложни обврски кон партијата, затоа не дојде пред Влада на кревањето на знамето на НАТО!

0
267

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не се одѕва на поканата од Влада да присуствува на церемонијата на која беше подигнато знамето на НАТО. Од партијата велат дека Мицкоски не присуствувал поради обврски.

„Неодложни обврски се причината поради која што претседателот Мицкоски не присуствуваше на настанот пред Влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето какви обврски, од таму додаваат само „партиски“.

На свеченоста не присуствуваше ниту претседателот, Ѓорге Иванов, а празно остана и местото каде што требаше да седне претходниот претседател, Бранко Црвенковски.