Од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште

0
1315

Од денеска стапуваат на сила измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште.

Со тоа, започнуваат да течат и роковите за поднесување на барања за воведување во владение за договорите за закуп на државно земјоделско земјиште кои се склучени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, а кои не се воведени во владение повеќе од една година од денот на склучувањето на договорот за закуп.

Во рок од 15 дена сите оние кои треба да го воведат во владение земјиштето, имаат можност до #ПЕ на #МЗШВ да поднесат барање за воведување во владение.

Воедно, од денеска започнува да тече и рокот за поднесување на барања за склучување на нови договори за закуп на државно земјоделско земјиште, од сите физички и правни лица на кои поради неплатена закупнина им е раскинат договорот за закуп во период од една година.

Ова е една од измените со којашто се овозможува и се дава шанса на сите закупци кои во рок од 60 дена ќе достават доказ за платена закупнина со казнена камата и надмест на штета за периодот за кој го користеле земјиштето без правен основ, да склучат нови договори.