ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА СИТЕ СПОНЗОРУШИ : Најбогатиот човек на светот Џеф Безос објави дека се разведува по 25 години брак

0
1144

Најбогатиот човек на светот, сопственикот на Амазон,  Џеф Безос објави дека се разведува од сопругата Мекензи Безос.

Џеф Безос , чие богатство е проценето на 140 милијарди долари , самиопт на Твитер објави дека се разведува.

„Како што знаат сите наши членови на семејството и пријателите, по долг период на љубовно истражување и пробна разделеност, решивме да се разделиме и да ги продолжиме нашите животи како пријатели. И да знаевме дека ќе се разведеме по 25 години , сепак ќе се венчавме.” , се наведува во објавата на Безос.

Во објавата не се наведува како ќе се подели богатството на најбогатиот човек на светот. Се смета дека поделбата ќе оди тешко , зашто и двајцата имаат бизнис планови.

 

Се претпоставува дека Џеф и Мекензи поседуваат најмногу земјиште од сите во САД , а тој е најбогат човек во историјата, чие богатство и натаму се зголемува.

Тие само во САД имаат пет куќи кои ги користат за да живеат во нив. Поседуваат и големи имоти , куќи за одмор , згради , па дури и музеј за текстил во близина на Вашингтон.

Имаат четири деца, три биолошки сина и една ќерка посвоена од Кина. Освен тоа Безос е сопственик и на дневниот весник Вашингтон Пост.