Ограбил стоматолошка ординација и забите ги продал на Бит-пазар

0
304

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство против Б.А.(20) од Скопје поради „тешка кражба“, со што, според МВР, пријавениот стекнал  противправна имотна корист од околу 201.000 денари и причинил материјална штета во висина од околу 10.000 денари.

„Кривичното дело пријавениот го извршил на тој начин што откако дошол до Ординацијата за протетика “МАК ДЕНТАЛ“ на ул.“Христо Татарчев“ со употреба на физичка сила и погоден алат, делувал помеѓу крилото и рамот на влезната врата по што ја отворил, влегол внатре, направил претурање и пребарување по работните маси, каде пронашол и украл една печка за печење порцелан за заби, како и разни шишенца со медицински прашоци по што го напуштил местото на настанот. Украдените предмети им ги продал на непознати лица на Бит Пазар и парите добиени од продажбата ги користел за свои потреби“, информираа од полицијата.