ОВОЈ ЧОВЕК НЕ ЗНАЕ ЗА ОДМОР ОД РАБОТА ЗА ДА МУ УГОДИ НА НАРОДОТ , ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НАЈДЕ СПАС ЗА НЕПОТИЗМОТ : Новиот Закон за администрација предвидува ревизорско тело за отстранување непотизам составено од двајца од власта и двајца од опозицијата!

0
484

Премиерот Зоран Заев е уверен дека во наредните три месеци до затворањето на извештајот на ЕУ земјава ќе успее да ги исполни сите цели поставени пред нас од Советот на ЕУ од јули минатата година.

Останува, вели, да се дефинира Јавното обвинителство во чии рамки треба да биде вклопено Специјалното јавно обвинителство, како и прашањето со Советот на јавните обвинители.

-Драго ми е што можам да соопштам дека утре Владата ќе ги донесе овие два закони, ќе ги пушти во парламентарна процедура. Сé е искристализирано веќе, јасен е ставот по кој пат се движиме во оваа работа. На Влада веќе го усвоивме законот за реформите во безбедносните и разузнавачките служби, продолжува транспарентната дебата низ парламентарните комисии каде што очекуваме целосна инволвираност на опозицијата по сите овие закони низ дијалог, заедно да ги допрецизираме за да поминат на гласање. Се надевам на консензус. За дел од законите ни е потребно и двотретинско мнозинство како што е законот за ЈО, рече Заев.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со идниот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, додаде во делот на јавната администрација е готов и законот за висока служба и оти наредните неколку денови ќе излезе на ЕНЕР, како и дека се очекува до крајот на март, почетокот на април тој закон да помине во Владата.

-Планираме да формираме ревизорско тело составено од двајца претставници на опозиција, двајца претставници на власта и административните органи од Агенцијата за јавна администрација за да ги проверуваат сите постапки, со цел отстранување на непотизмот, како конкретен проблем. А очекуваме да даде конечни резултати и борбата против корупцијата. Не само ние како Влада, граѓаните пред се. Имаме навистина кредибилна, независна Антикорупциска комисија создадена заедно меѓу опозицијата, граѓанскиот сектор и власта, а истовремено и самиот Закон е донесен  со консензус. Значи, појдовните основи се одлични, ги охрабрувам уште еднаш без разлика за кого станува збор да покажат конкретни резултати за борба против корупцијата заради тоа што тоа и е потребно на Република Северна Македонија како леб, рече Заев.

Тој е уверен дека нема да има само донесување закони, туку и имплементација на тие закони, која што ќе биде препознаена од граѓаните и оти се надева дека таквите ефекти ќе ги видиме уште многу порано пред јунската одлука на ЕУ.