ОВОЈ ЗАГЛАВИ ВО ЧМАРОТ НА ГРУЈО И НИКАД НЕ ИЗЛЕЗЕ ОД НЕГО : Грујо на суд бил дискриминран, тоа што ќе идел во затвор е голема неправда?! Аууу…ебати лебарот ебати!!!

0
428

Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска, во процесот „Тенк“ каде што Груевски беше осуден на две годишна казна затвор.

Претставката до Комисијата ја поднеле самиот Груевски и се пожалил за дикриминаторски однос од судот и од судијката Кацарска. Според мислењето на Комисијата, судот во „контроверзна и незаконски експресно водена постапка“ го осудил Груевски. При тоа се вели дека за да се донесе таквата пресуда немало валидни докази.

„Се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосуство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје“, стои во мислењето на Комисијата, објавено кај некои интернет портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Претседател на Комисијата е политичкиот аналитичар Александар Даштевски. Кривичниот суд пред два месеци поднесе барање за негово разрешување до Собранието за злоупотреба на службената положба и нестручно и несовесно вршење на функцијата. Иницијативата до СОбранието следеше откако Даштевски потпишал решение за утврдено вознемирување од судот.

Како што изјави тогаш претседателот на судот, Иван Џолев, станува збор за преседан и недозволен апсурд во судската пракса.

-Сметаме дека тоа е мешање во судската власт. Судот утврдува дискриминација кон некого, а не генерира. Доколку судијката постапувала лошо кон некого може да достави претставка по која одлучува судот – изјави тогаш Џолев.

За Даштевски тој посочи дека постапувал надвор од својата обврска и нестручно.